Почина Константин Коце Икономов

Вчеравечер, недела 26-ти јануари во вечерните часови како последица од неодамна претрпениот мозочен удар, замина уште една македонска музичка легенда. На 78 годишна возраст почина а Константин Коце Икономов – гитаристот на култните македонски групи „Безимени“ и Бис – Без“ и долгогодишен член на Ревискиот оркестар на МРТ.

Икономов беше роден 1946 година. Музиката ја засакал уште од мали нозе, па така по завршувањето на основното училиште се запишал во средно музичко училиште, каде важел за еден од најтелентираните виолинисти. По наговор на неговата мајка која имала желба да стане лекар, запишал да студира медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. Но како лекар никогаш не работел, зашто музиката како негова прва и последна љубов толку го обземала што со појавата на рок ен ролот на овие простори, почнал да свири по разнигрупи. Коце Икономов важи за еден од основоположниците на македонската рок сцена. Како гитарист и клавијатурист членува во неколку од првите култни македонски бендови, меѓу кои секако се групите „Безимени“ од чија фузија со „Бисери“ ќе настане легендарната група „Бис – Без“, чиј еден од основоположниците е и самиот Икономов.

 

 

 

skopjeinfo.mk