Музејот Лувр во криза: Потребна е итна обнова за да се зачуваат светските уметнички ремек-дела

Лувр, еден од најпознатите музеи во светот, се соочува со сериозна криза поради пренатрупаност, застарена инфраструктура и сè поголеми логистички проблеми, јавува Анадолу.

Со секојдневниот прилив на илјадници посетители, музејот, кој е дом на ремек-дела како што е „Мона Лиза“, се наоѓа пред огромен предизвик за справување со толпите и обезбедување простор за нормално функционирање.

Посебно проблематични се деловите каде што се изложени најпопуларните дела, во кои пренатрупаноста станува неподнослива.

Официјалните лица нагласуваат дека итно е потребен план за реновирање во вредност од 500 милиони евра за да се модернизира структурата на музејот и да се обезбеди соодветна заштита на делата што го дефинираат светското културно наследство.

Иако зголемениот број посетители укажува на глобалната привлечност на музејот, истовремено претставува товар што не може да го издржи постојната инфраструктура.

Лувр, кој со векови ги отсликува уметноста и историјата, се наоѓа на „раскрсница“ помеѓу зачувувањето на своето наследство и потребата од современи решенија што ќе ја осигурат неговата иднина.

извор: АНАДОЛИЈА