Како дел од Програмата „панда дипломатија“ во Националниот зоолошки парк Смитсонијан во Вашингтон, САД, од Кина пристигнаа две џиновски панди по завршувањето на нивниот период на карантин, јавува Анадолу.
Пандите, наречени Бао Ли и Чинг Бао, ќе останат во САД наредните 10 години како дел од Договорот за соработка за истражување, потпишан во април минатата година.
За Бао Ли и Чинг Бао, кои имаат по три години, заврши карантинот и ѝ беа претставени на јавноста во посебен простор за посетителите на зоолошката градина.
Двете панди пристигнаа во САД на 15 октомври 2024 година.