На 28.01.2025 во 17 часот во просториите на Клиничка болница Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик, односно дека по завршен хируршки зафат побарал и примил поткуп од лице од битолско. Кај него биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. М.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.
Related Posts
Собранието ја почнува расправата за францускиот предлог
Собранието на Северна Македонија денеска ќе го разгледа францускиот предлог за отстранување на бугарското вето за преговори со ЕУ. На…
Кривична за директорот на ЈП Стрежево, купил стар ратрак кој го платил како да е нов
Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презеде предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид…
ЦУК: Поплавени се повеќе куќи во Берово, по улиците има наноси од песок
Патот Берово-Виница е прооден периодично бидејќи се расчистува патот, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), по силното невреме кое…