Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) наскоро се очекува да добие нов состав откако пратениците од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седницата (29 јануари) утврдија предлог одлука со седум имиња за нови членови.
Предлог-одлуката сега треба да се официјализира и со гласање на пленарна седница на Собранието.
Тројца од кандидатите ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и тие беа изгласани со 10 гласа „за“. Станува збор за кандидатите: Виктор Павловски дипломиран инженер по производна информатика, Сашо Стефановски кој дипломирал филмска уметност и ТВ снимател и Петар Џуровски кој е дипломиран филмски и ТВ монтажер.
На предлог на ЗНАМ – коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, беше изгласана новинарката Цветанка Миновска.