Денеска остварив средба со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Средбата ја искористив да ја пренесам благодарноста на Охриѓани за неговото присуство во Охрид за големиот христијански празник Богојавление Водици.
На средбата беа присутни и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Сашо Донев како и Илија Ристески од Дебарско- Кичевската Епархија кој е и дел од координативното тело за организација на празникот Богојавление Водици, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
Градоначалникот Пецаков оствари средба со Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан
