Жителите на Скопје ќе плаќаат поскапо парно за 5,03 проценти. Причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.
Ова го соопшти на прес-конференција, првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
Се очекува зголемување на сметките од 100 денари за просечно семејство во Северна Македонија. Оние коишто имале трошок за парно од 2.100 денари, сега ќе добиваат сметка од 2.200 денари. Цената ќе се применува од 1 февруари.
Се очекува наскоро и топлификација Скопје Север да поднесе барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот.
Зголемувањето на цените на топлинската енергија следи откако и ЕСМ Дистрибуција на топлина и ЕСМ Производство на топлина поднесоа барање за зголемување на цената на парното и топлинската енергија за 20 отсто, оправдувајќи го ваквото барање со зголемените трошоци за набавка на гориво.
DW