Разрешена судијката која донела одлука Јованов да не оди во затвор за дрога

Министерот за правда, Игор Филков ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска од работната група во Министерството за правда. Станува збор за судијката која ја донесе одлуката возачот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, да оди во воспитно поправен дом откако бил фатен со дрога.

Судијката била дел од работната група која е формирана во декември 2020 година, за измените на Кривичниот законик. Според Филков, ова го прави со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за реформите во правосудството.

Министерот смета дека е крајно време, надлежните институции да покажат дека се подготвени да преземат мерки, со цел лоцирање на виновниците и нивна евентуална одговорност.

-Овој случај е само потврда на податоците за оценка на работата на судовите кои беа презентирани пред некој ден. Токму брзината на постапувањето и корумпираноста беа детектирани за најголем проблем на судството со најниска оценка. Се отвора можност за слични случаи. Апелирам до сите политички чинители да не го злоупотребуваат за дневно-политички цели. Нема да дозволам неказнивост или недопирливост, рече Филков на прес-конференција.

 

 

Kurir.mk