Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, ги известуваме граѓаните дека општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид од ден 05.02.2025 година (среда) ќе се одржува со изменет возен ред. Во периодот од 08:00 – 16:00 часот, автобусите нема да сообраќаат до Горно Лакочереј и истите ќе сообраќаат само до училиштето во Долно Лакочереј. Во останатиот период од денот автобусите на наведената релација ќе сообраќаат согласно постојниот возен ред.
Related Posts
Пак го промашија знамето – Османи ја пречека Фајон со знаме од Словачка!
Кога нешто ќе се случи еднаш може да е случајност. Но, кога ќе се повтори неколкупати или станува збор за…
Почина бизнисменот Богдов, кој фабриката ја даде на вработените
При вечерната прошетка во центарот на Штип на Пешачкиот мост близу паркот Суитлак, околу 21 часот, паднал, веројатно откако доживеал…
Денес во Македонија променливо облачно , максимални 19 степени
Стабилно и претежно тивко со ниска облачност и магла по котлините. Попладне сончево со мала до умерена облачност. …