Српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 4 февруари, рече дека Србија останува „посветена на забрзување на спроведувањето на реформската агенда и усогласувањето со критериумите на Европската унија (ЕУ).
Ова е работа која, според она што Вучиќ го наведе во објава на својот Инстаграм профил, треба да биде завршена до крајот на 2026 година.
„Го повторив моето очекување дека земјите-членки ќе го препознаат нашиот ангажман и напредок и ќе ѝ овозможат на Србија најдобро да го искористи новиот моментум во процесот на проширување, а првиот чекор би бил да се даде „зелено светло“ на отворањето на Кластерот 3. “, напиша Вучиќ.
slobodnaevropa.mk