Мицкоски преку интерпелација ќе го разрешува Судскиот совет

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива до Собранието за разрешување на членовите на Судскиот совет. Вели тоа тоа е „едно мочуриште кое изобилува со многу контроверзи и скандали“. Доколку помине интерпелацијата во парламентот, тој се надева дека членовите на Судскиот совет ќе бидат доблесни и самите ќе се повлечат од функциите.

Преку длабоки реформи до правда
„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните“, порача Мицкоски преку социјалните мрежи.

Затоа, вели тој, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според негово убедување е „дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата“. „Македониjа мора да победи“, порача Мицкоски на Фејсбук.

Истата порака тој ја испрати и на настан во Скопје каде одговараше на новинарски прашања.

 

 

 

DW