Мицкоски: Денеска до крајот на денот ќе стигнат насоките до училиштата, директорите, но и припадниците на МВР за дојавите за бомби

По денешните дојави за бомби во повеќе училишта ширум Македонија, премиерот Христијан Мицкоски бил во постојан контакт со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

-Сите, без исклучок, се лажни дојави. Тоа се тие хибридни напади кои ќе се случуваат, не е нешто неочекувано. Ќе треба да се подготвиме, постапено е според протоколот. Ваков тип на напади имаше пред некој ден и во Хрватска, претходно во институциите во Унгарија. Претпоставувам дека ова ќе биде континуитет и кај нас, но мислам дека се креира еден протокол. Работната група веќе има состаноци, работи на изготвување на протокол и денеска до крајот на денот ќе стигнат насоките до училиштата, директорите, но и припадниците на МВР за тоа што треба да се направи за да имаме непречено одвивање на наставата во овие објекти, рече Мицкоски.