Предупредување за цунами поради силен земјотрес во Карипското Море

Силен земјотрес синоќа имаше во Карипското Море. Епицентарот на земјотресот бил на околу 200 километри југозападно од Џорџтаун на Кајманските Острови. Земјотресот бил со јачина од 7,6 степени на длабочина од 10 километри.

Поради земјотресот, меѓу другото беше издадено предупредување за цунами за Порторико и Девствените Острови. Доминиканската влада исто така издаде предупредување. Кубанските власти побараа од луѓето да ги напуштат плажите.

На жителите кои живеат во земјотресот покрај брегот им беше препорачано да се преселат во внатрешноста и на повисоките места. Беше издадено предупредување за бранови кои можат да бидат високи и до еден метар.

По неколку часа предупредувањата се повлечени бидејќи поминала опасноста од цунами. Не е издадено предупредување за цунами во копното на САД.

извор:НОС Холандија