Пуштена во употреба новата компресорска станица за хируршките клиники, стариот компресор ќе се користи како бекап

Новата компресорска станица за хируршките клиники во Скопје, денеска беше официјално пуштена во употреба.

Компресорската станица веќе функционира, има три нови компресори, има комплетно нова инсталција. За среќа, тука е и стариот компресор, кој ќе стои како бекап, евентуално да не ни се повтори ваков проблем. Решаваме проблеми кои ги наследивме. Со новата компресорска станица се покриени сите 18 хируршки сали на Хирургија, салите во Клиниката за ОРЛ, Офталмологија и максилофацијална хирургија. Комплетниот систем е тестиран 10 дена, се функционира како што треба, изјави денеска на средба со новинарите министерот за здравство Арбен Таравари.

Тој кажа дека од денеска се користи компресорската станица со сите елементи кои ги исполнуваат сите стандарди.

Решивме проблем кој постоеше подолго време на Клнички центар, станцата е подготвена ако е потребно да се приклучат и други клиники, изјави Таравари.

Лани во мај, операционите сали на Клинички центар беа затворени поради непријатна миризба. За итни интервенции, пациентите се упатуваа во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ и во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје. Компресорската станица, изградена пред околу 33 години, требалo да биде променета уште пред три години. Неработењето на оперативниот блок се сметаше за тежок удар врз Клиничкиот центар како столб на здравството.

На 22 јануари, Министерството за здравство информираше дека во целост е завршена монтажата и инсталирањето на системот за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.