Силен земјотрес во Далмација

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС со епицентар на 15 километри североисточно од Стариградска Пакленица, забележаа сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска во вторник навечер. Магнитудата на земјотресот бил 4,8 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил шест степени според ЕМС.

Земјотресот е регистриран во 18 часот и 43 минути, а силно е почувствуван во околината на Задар, околу Поседарје и во делот на Лика. Како што ни раскажуваат читателите, толку силно се тресеше што жителите на Стариград Пакленица ги напуштија своите куќи. Земјотресот е почувствуван и на многу пошироко подрачје. Читатели од Сплит, Брач, Загреб и Пула ни кажаа дека почувствувале земјотрес.

Центарот Задар 112 не добил извештаи за повредени или штети во земјотресот
Жупанискиот центар 112 Задар нема пријави од граѓани за материјална штета или повредени лица, соопштено е.

 

 

index.hr