Од денес ладен бран со снег во западните и југозападните предели на Македонија

Во следните часови насекаде во нашата Република Македонија ќе имаме релативно ладно време, а повремено ќе дува и ветер од југоисточен правец со слаб до умерен интензитет. Времето насекаде низ државава ќе биде претежно облачно, а во југозападните  и во западните предели ќе започнат послаби врнежи кои ќе бидат од дожд и од снег во градовите, додека во повисоките населени места, планините, и секако на Скијачките центри врнежите ќе бидат само од снег.

На поланините  и на Скијачките центри снежната покривка малку ќе се зголеми.

И во Скопје  и околината ќе имаме претежно облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Има послаби услови за слаб дожд или дожд и снег, особено на околните планини, каде ќе има услови за слабо провејување на снег.

Што се однесува до температурите, тие денес (12.2.2025 среда) ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени, само во југоисточните предели тие ќе се искачат до близу 10 степени, а во Скопје  и околината таа ќе се искачи до околу 5/6 степени.

Услови за послаби локални врнежи од дожд и од снег и претежно облачно време ќе имаме  и утре (13.2.2025 четврток), а ќе продолжи релативно ладното време, најавува метеоптогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

 

meteoalarm.mk