Агенцијата за храна и ветерина (АХВ) уверува дека нема токсична туна во Македонија, а производите кои се продаваат во трговската мрежа се безбедни за консумација.
Директорот на АХВ, Оливер Миланов, изјави дека по коментарот на Д-р Чибишев на социјалните мрежи, Агенцијата спровела консултации со релевантните европски институции за безбедност на храна и извршила вонредни контроли на посочените конзерви туна.
„Граѓаните можат да бидат спокојни – туната што се продава во Македонија е безбедна“, истакнуваат од АХВ.
skopjeinfo.mk