Манчестер Јунајтед се соочува со уште 200 откази

Финансиските проблеми на Манчестер Јунајтед ќе доведат до нови 200 откази, објавија британските медиуми денес, пренесува Анадолу.

Сер Џејмс Артур Ратклиф, шеф на групацијата ИНЕОС и косопственик на Манчестер Јунајтед со контрола над спортскиот сегмент на клубот, размислува да отпушти 200 вработени, со цел да ги покрие загубите на „Црвените ѓаволи“, кои последниве три години надминале 300 милиони фунти (375 милиони долари), објави Џејми Џексон, фудбалскиот дописник за „Гардијан“ од Манчестер.

Минатата есен тимот од Премиер лигата веќе отпушти 250 вработени.

Во ноември англискиот клуб објави дека платил над 25 милиони долари за да го отпушти поранешниот менаџер Ерик тен Хаг и да го ангажира Рубен Аморим како негов наследник.

 

извор: Анадолија