Силен дожд во Италија предизвика поплави на островот Елба

Поплави и прелевања го зафатија островот Елба во Западна Италија како последица на обилните врнежи од дожд, известува Анадолу.

Според вестите објавени во националните медиуми, обилните врнежи од дожд забележани вчера попладне во централните и западните делови на Италија негативно се одразиле врз животот, особено на островот Елба.

Улиците на градот Портоферајо на островот Елба се поплавени, а автомобили пливаат во надојдените води.

Во вестите се наведува дека пожарникарите на островот спасиле 28 лица што биле заглавени во калта носена од надојдените води.

Општина Портоферајо упати предупредување за критичната ситуација поради невремето и апелираше до граѓаните да не излегуваат надвор и да не користат возила.

Во Портоферајо е забележано дека во период од еден час паднале повеќе од 65 милиметри дожд.

Единицата за цивилна заштита упати предупредување дека денес се можни обилни врнежи од дожд во централните и западните делови на земјата.

 

извор:Анадолија