Високи претставници на САД и на Русија денеска ќе преговараат во Ријад за мир во Украина

Високи американски и руски претставници, вклучително и министрите за надворешни работи на двете земји, денеска ќе разговараат за подобрување на билатералните односи и преговори за ставање крај на војната во Украина. Тоа ќе биде најзначајната средба меѓу САД и Русија од целосната инвазија на руските трупи во соседната земја пред речиси три години.

Разговорите во Саудиска Арабија означуваат уште еден важен чекор на администрацијата на Трамп за промена на американската политика на изолација на Русија и имаат за цел да го отворат патот за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, јавија американските медиуми.

 

 

 

skopskoeho.mk