Нова јапонска помош од близу 115 илјади евра за Здравстевниот дом во Вевчани и ОУ „Св. Климент Охридски“ од Битола

Два нови договора за грант во рамките на GGP – Програмата за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност, во вредност од 114,970 евра, денеска беа потпишани од јапонската амбасадорка во земјава Сецуко Кавахара и претставниците на институциите приматели – ЈЗУ Здравствен Дом Вевчани и ОУ „Св.Климент Охридски“ од Битола.

 

На церемонијата на потпишување на договорите што се одржа во просториите на Амбасадата на Јапонија во Скопје, амбасадорката Кавахара истакна дека преку оваа помош дополнително се зајакнува пријателството меѓу двете како и јапонската посветеност да го поддржи подобрувањето на здравстевниот и образовниот систем во земјава.

Со овие грантови Здравствен Дом Вевчани ќе добие  компјутерски радиографски систем, а на битолското ОУ „Св. Климент Охридски“  ќе биде реконструиран покривот.

 

-Среќни сме што ќе придонесеме за подобрување на здравствените услуги за граѓаните и образовната средина за децата во училиштата.

Во рамки на иницијативата за соработка за Западен Балкан Јапонија е силно посветена да ги поддржи економските и социјалните случувања во Северна Македонија и влегувањето на земјата во ЕУ, истакна јапонската амбасадорка Кавахара.

 

Од име на двете институции договорите ги потпишаа директорката на Здравствен дом Вевчани Рената Пешиноска и Предраг Созовски директор на ОУ „Св.

 

 

biznisvesti.mk