Архиепископ Кипарски: Заедничкото празнување на Велигден е добро дело

Католичката и православната црква планираат заедничка прослава на Велигден.

Кипарскиот архиепископ Георгиј изјавил дека Папата прв изразил желба за заедничка прослава, прифаќајќи го трансферот на католичкиот Велигден.

Тој нагласи и дека бидејќи не станува збор за промена на светите канони, не очекува да има приговори од Православната црква.

Кипарскиот архиепископ дури ја опиша заедничката прослава како дело на добра волја.

Оваа година католичкиот Велигден се совпаѓа со православниот Велигден.

 

 

religija.mk