Ново апсење поради падот на настрешницата во Нови Сад

Во ноќта од понеделник кон вторник, 25 февруари, уапсена е осомничената Б.К., член на Комисијата за технички преглед на работите на Железничката станица во Нови Сад.

Како што пишуваат српските медиуми, таа била уапсена на белградскиот аеродром Никола Тесла по враќањето од Италија.

Осомничената Б.К. беше уапсена од УКП по налог на Специјалното одделение за антикорупција на Вишото јавно обвинителство во Белград, кое вчера уапси уште четворица нејзини колеги поради неуспех во работата, што резултираше со пад на настрешницата на железничката станица на 1 ноември 2024 година.

За потсетување, 15 лица загинаа, а двајца беа тешко повредени при пад од бетонска настрешница на 1 ноември 2024 година.

 

 

4news.mk