Царинската управа заплени автобус со косовски таблички кој извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул-Приштина кој бил специјално адаптиран за криење на роба

Случајот е откриен на влез во земјава на граничниот премин Деве Баир.
„При извршената контрола во делот на просторот за багаж на автобусот во горниот дел со отстранување на завртките на дрвена даска e откриен простор кој не е фабрички и е продолжен за 10 см по целата должина на багажниот простор на автобусот, што претставува специјална направена преграда (бункер). Автобусот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автобусот, инаку косовски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи“, информираа денеска од Царинската управа.
Запленети се над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на правото од интелектуална сопственост.
📷 Царинска управа на РСМ
slobodnaevropa.mk