Каква и да биде, денешната пресуда за претседателот на Република Српска, Милорад Додик ќе предизвика големи потреси во Босна и Херцеговина

Власта во Република Српска изминативе десетина години ја спинува јавноста со разни закани за отцепување, кои досега останаа мртви зборови на хартија. Дали овој долг ќе биде наплатен ќе се знае веќе денеска, среда, 26 февруари, за кога е закажано изрекувањето на пресудата за претседателот на РС Милорад Додик пред Судот на Босна и Херцеговина во случајот против него и директорот на Службениот весник на Република Српска, Милош Лукиќ.

Пресудата против Додик и Лукиќ е политичка и се суди на РС, а не на поединец, едногласно повторуваат коалициските партнери од СНСД. Затоа седница одржа и ентитетската влада која во собраниската процедура упати „информација за рушење на Уставот на Босна и Херцеговина, мерки и задачи во насока на заштита на Уставот на Босна и Херцеговина“.

Конфедерација
„Доколку правното насилство врз Република Српска не престане и нема политичка волја и меѓународна поддршка БиХ да се врати на нејзините основи и да се трансформира во држава во која се почитуваат Дејтонскиот устав и законите, Република Српска е должна без одлагање да преземе мерки за да ја заштити својата дејтонска позиција исклучиво преку политички и правни средства“, се наведува во информацијата која веќе денеска ќе биде на дневен ред на специјалното собрание на РС.

А каков би можел да биде одговорот и какво сценарио се очекува, засега е рано да се каже, со оглед на тоа што пресудата која треба да се изрече денескка е првостепена. Она што Судот на БиХ може да го изрече во прилог на пресудата се заштитните мерки кои може да се однесуваат на забрана за напуштање на земјата до изрекување на второстепената пресуда, која потоа е и правосилна.

Едно од сценаријата, доколку се остварат наводите на некои медиуми во БиХ дека Додик ќе биде осуден, со забрана за политичка активност, е најавата за конфедерација со Србија, но и враќање на првобитниот Дејтон, па дури и повлекување од него.

„Наша прва цел е да го одбраниме Уставот на БиХ, да ја повикаме Федерацијата БиХ да преговараме за тоа и да го вратиме тоа на Дејтонскиот устав. Ако тоа не се случи, тогаш ние ќе мораме да донесеме одлуки“, рече Додик, наведувајќи дека во тој случај РС ќе донесе одлука дека Уставот на БиХ ја пропаднал.

 

 

DW