Се одложи судењето против лицето кое го удираше бездомното куче Феликс што почина неколку недели подоцна.пред судот се одржа протест организиран од здржението Анима Мунди тие бараат најстроги казни за мачење и убиство на животните.
Рочиштето следува по објавувањето на вознемирувачката видео снимка од мачењето на кучето во Момин Поток, а по што обвинителство поднесе кривична пријава.според обвинението, двајцата соизвршители на 19 ноември 2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс .
Првообвинетитот со тврд предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди.потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво.
Феликс почина како последица на повредите на 7 јануари годинава.
Од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ излегоа и вчера со реакција, а денеска и протестираа пред судот.
kanal5.com