Русија: Имаме 658 милиони тони резерви на ретки елементи

 

Руското Министерство за природни ресурси објави дека земјата има 29 различни резерви на ретки елементи од вкупно 658 милиони тони, известува Анадолу.

Во писменото соопштение што го објави руското Министерство за природни ресурси, дадени се информации за резервите на ретки елементи во земјата.

Во соопштението се наведува дека ретките елементи имаат сложена структура и можат да се вадат само заедно со рудата, а постоечките резерви на земјата во ова поле се на ниво што можат да ги задоволат потребите на руската економија.

Министерството за природни ресурси информира дека Русија има 29 различни резерви на ретки елементи од вкупно 658 милиони тони.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека се подготвени да им понудат на САД можност да работат заедно на полето на ретките елементи.

 

извор: АНАДОЛИЈА