Ќерката со денови ја мачела мајка си, па ја убила

Во Романија, во областа Јаши, се случи невидено злосторство кога ќерка (40) ја уби својата 71-годишна мајка поради наследство. Ќерката ја врзала, ја претепала и на крајот и задала фатален удар со секира, а старицата починала среде двор.

Ова страшно злосторство се случило во домаќинство во кое заедно живееле мајка и ќерка. Соседите, кои ги познаваат, со години знаат за насилните епизоди меѓу двете, а повикале брза помош кога го виделе безживотното тело на жената во дворот.

Наводно, на расправијата меѓу двете жени и претходела расправија за наследство, при што жртвата сакала се во тестаментот да му остави на синот.

Ќерката очигледно се изреволтирала поради таа одлука и се скарала со мајка си, но работите излегле од контрола.

Ја изнервирало тоа што нејзината мајка со која живеела решила наследството да му го остави на својот брат.

Пред да ја убие со секира, ќерката во неколку наврати ужасно ја претепала мајка си. Таа и се заканувала со смрт, но жената никогаш не го пријавила случајот во полиција.

 

 

4news.mk