Вучиќ најави избор на нова влада

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека очекува во следните 40 дена да биде избрана новата Влада.

Тој рече дека очекува новата влада да биде „целосно фокусирана на економијата и зголемувањето на стапката на раст“ и дека ќе биде составена од „компетентни и одговорни луѓе кои ќе можат да одговорат на предизвиците“.

„Верувам дека во следните 30 до 40 дена ситуацијата во земјата ќе биде политички стабилна. Тогаш ќе ни требаат околу шест месеци целосно да се вратиме во форма, во ритамот и на сето она што го имавме до неодамна, бидејќи блокадите и неодговорното однесување ни нанесоа огромни штети во различни сфери на општественото живеење“, рече Вучиќ во разговор со стопанската комора на Србија.

4news.mk