„MВЦ 2025“, еден од најголемите саеми на индустријата за мобилни комуникации во светот, продолжува со презентирање на најновите технолошки достигнувања во Барселона, Шпанија, јавува Анадолу.
Покрај изложените производи, оваа година, како што истакнаа организаторите, на саемот ќе имаат излагања и 48 клучни говорници кои ќе говорат за различните технологии потребни за бизнисите, меѓу кои и познати имиња од областа на конективноста.
На саемот големо внимание привлече „Huawei Mate XT Ultimate Design“, првиот смартфон со 3 екрани на преклопување.
За прв пат на Светскиот мобилен конгрес (MWC) претставена е и најновата иновација на „Шаоми“, електричното возило „SU 7 Ultra“.
Годишниот настан, организиран од Асоцијацијата на глобален систем за мобилни комуникации (GSMA), привлече учесници од над 200 земји.
Саемот, кој започна на 3 и ќе трае до 6 март, се одржува во Изложбениот центар „Фира Гран Виа“, а овогодинешната тема е „Конвергирај, поврзи се, креирај“.