Поларна светлина – чудото што ја осветлува ноќта во Алјаска

Поларната светлина (Аурора бореалис), која е резултат на интеракцијата на магнетното поле на Земјата со наелектризираните честички кои доаѓаат од Сонцето, снимена е во регионот Еклутна Тејлрејс во американската сојузна држава Алјаска, известува Анадолу.

Фотографите и љубителите на природата пристигнаа во овој регион со мало светлосно загадување за да го следат природниот феномен којшто го украсува небото во зелени, виолетови и црвени тонови.

Се предвидува дека 2025 година ќе биде период во кој Поларната светлина ќе се гледа почесто и поинтензивно поради зголемената сончева активност.

 

извор: АНАДОЛИЈА