Штрајкот на вработените на аеродромите во Германија погоди повеќе од 500.000 патници

Повеќе од 500.000 патници се погодени од штрајкот на аеродромските работници во Германија, што го започна синдикатот Ver.di, известува Анадолу.

Здружението на германските аеродроми (АДВ) очекува околу 3.400 летови да бидат откажани поради штрајкот на членовите на синдикатот. Се проценува дека околу 510.000 патници ќе бидат погодени од откажувањето на летовите.

Работниците се собраа на аеродромот во Диселдорф носејќи транспаренти на синдикатот, со барање за зголемување на платите.

Штрајкот, кој трае 24 часа, предизвика големи доцнења и откажувања на летови на аеродромите низ земјата.

Синдикатот Ver.di бара зголемување на платите за 8% на аеродромските работници, дополнителен додаток од најмалку 350 евра месечно и три дена дополнително отсуство.

 

извор:АНАДОЛИЈА