Манев: Вања била грабната по грешка, требало да биде киднапирана ќерка на сопственик на веледрогерија

Обвинетиот Велибор Манев, кој денеска сведочи во Кривичниот суд за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, раскажа дека откако го убиле велешанецот, го затрупале во земуницата. На истотото место требало да биде засолната и некоја 40-годишна жена.

По убиството тргнале за Скопје, а Манев го возел „цитроенот“ на Панче. Се искучиле кај Катланово и продолжиле по стариот пат за Скопје.

Не знам ни самиот како возев. Кај Хиподром сфатив кај сум. На „моторола“ Палчо ми кажа да запрам кај Кванташки пазар, кај пругата, и тука да го оставиме „цитроенот“. Нè товари во пикапот и нè однесе во канцеларија. Влатко направи кафе. Го прашав Палчо пак – зошто сево ова. Тој ми рече, прекини, ништо не разбираш. Станавме со Боре да си одиме за Велес. Ни рече за вечерта пак да се видиме. Му реков дека немам пари, и оти немам со што да дојдам повторно. Ми го даде „кангуто“ и вечерта пак дојдовме во Скопје и нè однесе до местото Оризови Дупки. Мислев дека тука ќе се чува грабнатата жена. Следното утро, во четвртокот, тргнавме да ја грабнеме жената, но се вративме и „цитроенот“ го оставивме во Маџари. Со „кангуто“ се вративме во Велес. Во Скопје пак дојдовме во четврток да пробаме да ја грабнеме жената што ја лоцирал Палчо. Дојдовме пред жената. Планот беше жената да се турне во сутеренот и таму да ја врземе. Но, од сутеренот излезе, некоја друга жена и планот пак пропадна. Страшо, директор на „Гранит“, бил во планот на Палчо. Потоа се одлучи на жена, некоја од фармацеврските куќи, така кажуваше. Ја следел и ја сликал. Третиот обид беше на 27 ноември. Од Радишани тргнавме кон зградата каде што требаше да биде грабнувањето. Ние тројца бевме во „цитроенот“, нè има и на снимките, сведочи Манев.

За грабнувањето на 14-годишното девојче, како што кажа Манев, Палевски им објаснил како се отвора вратата од зградата и каде се подрумските простории.

Влатко остана во колата, влеговме јас и Боре. Беше темно, немаше светилки. Палевски ни јави по моторола за времето 7 и 20 кога требаше да излезе жената. Јас бев долу, а Боре чекаше со селотејп-лента. Кога излезе таа, Боре ја грабна и и ја стави лентата. Таа излезе од лифтот и одеше кон скалите. Личноста беше идентична со таа што ни ја кажуваше Палчо. Ја врзавме, Влатко го отвори багажникот и ја ставивме во вреќа, раскажува Манев.

Неговото сведочење сè уште трае.

извор: РЕПУБЛИКА