Во моментов особено во западните и во источните предели од нашата Република Македонија има локална појава на пороен дожд, грмежи и силен ветер од јужен правец. Во текот на денешниот ден (четврток 13 март) врнежите ќе престануваат.
До сабота (15 март) ќе дува силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина дури до околу 80 км/час). И во Скопје и околината повремено ќе дува силен ветер од јужен и од југоисточлен правец.
Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата Република Македонија и понатаму се врши транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата е позначително заматена, а времето е многу мачно и спарно.
Ш то се однесува до температурите, тие особено до сабота ќе бидат рано – летни и ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината. Односно, тие речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 25 степени. Во Повардарието температурите очекуваме да достигнат дури до околу 30 степени. Во Скопје за време на овој период температурата ќе се искачува близу 30 степени, најавува метеопрогнозерот Сллавчо Попоски.