Како дел од проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“, Општина Охрид ќе добие поддршка од страна на Фондот за техничка документација во износ од 3.418.650 денари. Средствата ќе бидат наменети за Изработка на урбанистички и основен проект за затворање, рехабилитација и понатамошна грижа за некласифицираната и нестандардна депонија Буково.
Со оваа поддршка се подобруваат општинските капацитети за имплементација на инфраструктурни проекти во насока на интегрирано планирање на локалниот развој и заштита на животната средина.
Проектот за јакнење на општинските капацитети е дел од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка на Амбасадата на Шведска, Бирото за регионален развој и во партнерство со Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС и со него ќе бидат поддржани вкупно 11 македонски општини.