Цената на златото достигна ново рекордно ниво

Цената на златото достигна нов рекорд денес, кога една унца се тргуваше за 2.983,50 долари, во услови на неизвесност предизвикани од трговската политика на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.

Цената на унца злато денес порасна за 1,68 отсто и постави нов рекорд.

Златото доби на вредност за околу 10 отсто откако Трамп ја презеде функцијата на 20 јануари.

Откако ја започна 2025 година со 2.620 долари, од почетокот на годината стекна вредност од плус околу 358 долари, а годинава 12 пати постави нови рекорди.

Додека цената на унца злато се зголеми за 27 отсто во цела мината година, досега оваа година веќе поскапе за 14 отсто.

Царинските закани на Трамп стапија на сила вчера, со воведувањето давачки од 25 отсто на целиот увоз на челик и алуминиум.

На 4 март, Трамп воведе и царини од 20 отсто за Кина.

Тој, исто така, се закани дека ќе воведе царини од 25 отсто за Канада и Мексико, но подоцна ги одложи по преговорите со лидерите на двете земји.

Трамп денес се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за увоз на алкохолни пијалаци од Европската Унија, доколку Унијата не ги повлече царините од 50 отсто за американското виски.

Царинските закани на американскиот претседател продолжуваат да ги поттикнуваат стравувањата од понатамошна глобална трговска војна, бидејќи земјите ветија дека ќе преземат одмазднички мерки.

 

извор:АНАДОЛИЈА