Низ социјалните мрежи денеска излегуваат фотографии на млади лица за кои се тврди дека биле во дискотеката Пулс во Кочани каде избило пожар.
Сите надлежни служби, меѓу кои и екипи на противпожарната служба, брзата помош и полицијата, веднаш пристигнаа на местото на настанот и сè уште работат на расчистување на урнатините.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани е веќе на терен, а дополнително, кон градот се упатени и претставници од Јавното обвинителство на Република Македонија.
skopjeinfo.mk