Во критична состојба се 18 повредени во пожарот во Кочани, има и малолетници

И малолетници се меѓу оние кои се во критична состојба, потврди предмалку министерот за здравство, Арбен Таравари во изјава за медиумите поврзана со трагичниот настан во кој загина 51 лице во пожар во дискотека во Кочани.

„Хоспитализирани во ГОБ 8 ми Септември се 17 лица, во Штип во клиничката болница се 39, а во Кочани 30. Околу 18 пациенти се во критична состојба и тие се во скопските болници. Сигурен сум дека здравствените работници го даваат максимумот, се што треба за третман на пациентите е ставено во функција. Заменик министерот е во Штип и добиваме информации дека пациентите се во стабилна состојба, а критичнате се во Скопје“, изјави Таравари.

Тој изрази благодарност до другите држави кој понудиле помош а тоа се од Бугарија, Србија и болницата во Белград и Холандија.

 

 

slobodnaevropa.mk