59 лица , бројот на загинати во пожарот во Кочани се зголеми

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во изјава за медиуми изјави дека според информациите до сега починати се вкупно 59 лица.

-Починати се вкупно 59 лица, од нив 35 се идентификувани, од идентификуваните 31 лице е од Кочани, а четири од Штип. Бројот на повредени според последните информации е 155 лица. Животот го загуби и еден полициски службеник од полициската станица Пробиштип кој бил службено ангажиран, вели Тошковски.