Тапанарот на групата ДНК, која настапуваше во дискотеката „Пулс“ Ѓорѓи Горгиев од Струмица го загуби животот во трагичниот пожар што избувна рано утринава во дискотека во Кочани.
Според она што го напиша на Фејсбук неговиот брат Димитар Горгиев, Ѓорѓи бил многу ценет и почитуван од своите пријатели и соработници.
„Ѓорѓи ќе биде запаметен како млад и надежен музичар кој својата страст за музиката ја споделуваше со сите околу себе. Секогаш позитивен, насмеан и мотивиран да создаде нешто убаво, тој беше инспирација за многу млади таленти“ пишува на социјалните мрежи.
4news.mk