„Пирогов“: Сите пациенти од Кочани, освен едно дете, се во тешка состојба

Бугарското Министерство за здравство објави контакт број за роднините на настраданите кои се пренесени таму на лекување

Сите повредени во пожарот во Кочани кои се пренесени на лекување во Бугарија, се во многу лоша состојба, посочил директорот на болницата „Пирогов“ на брифинг со новинарите. Тој инфорира дека во текот на ноќта кај нив биле примени 8 пациенти, од кои 3 се деца до 18 години и 5 пациенти со просечна возраст од 20-25 години. Најстариот има 31 година.„Сите се во тешка состојба освен едно дете, кое е на педијатриска интензивна нега. Сите останати се на интензивна нега на клиниката за изгореници, односно детското одделение и одделението за возрасни и се во исклучително тешка состојба. Тројца од нив се интубирани, а за останатите се уште се прават проценки што да се прави. Лезиите се изгореници на телото, горните екстремитети и лицето. Сите имаат изгореници со вдишување на горните и долните дишни патишта, што е многу сериозна состојба“,

изјави Валентин Димитров, директор на „Пирогов“, пренесе БНТ.

Тој објасни дека лекарите во моментов прават целосна проценка на состојбата на пациентите.

„Ќе се направи се што е потребно“,

увери тој.
Медицинската установа е подготвена да прими повеќе пациенти.

„Ќе преземеме онолку колку што е потребно, се додека сме корисни“,

рече д-р Димитров.
Роднините на настраданите во трагичниот настан во Кочани, кои се пренесени на лекување во Бугарија, информации за установата за лекување во која престојуваат нивните најблиски можат да добиваат 24/7 од дежурно лице во Министерството за здравство на Република Бугарија на телефонскиот број 02/ 8050 300.

 

 

360stepeni.mk