Влошена состојбата на Панчо, има големо оштетување на трахеата

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски синоќа упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа напиша дека Владимир, попознат како Панчо од ДНК, е на апарати, а неговата здравствена состојба е влошена.

„Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството, кој ме носеше на пица да ме части, а имаше само 12 или 13 години. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарец, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа, а се во тешка состојба, да ги исцели и да им дари живот“, напиша Ребека.

 

Според објавата, Владимир е префрлен во Систина, каде што лекарите се борат за неговиот живот. Трахеата му е оштетена од вдишан топол дим, поради што е ставен на апарати.

„Панчо мил, те молам не се предавај!!!“ – напиша таа.

 

 

ekran.mk