Македонскиот народен театар ги отвори вратите во знак на солидарност и општествена одговорност, за сите семејства на хоспитализираните лица кои се повредени од настанатиот пожар во Кочани.
На семејствата кои имаат потреба да останат во Скопје и да бидат блиску до своите најблиски, Македонскиот народен театар ќе им овозможи престој тие да бидат сместени во гримиорните и апартманите.
Инаку, поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани.
glamur.mk