Проширен обвинителскиот тим од 9 обвинители , се пребаруваат компјутер и графолошко вештачење на потписи

Обвинителскиот тим кој работи на истрагата за утврдување на причините за катастрофата во Кочани од утрово е проширен и во моментов го сочинуваат:

– 2 јавни обвинители од ОЈО Кочани
– 2 јавни обвинители од ОЈО Штип
– 5 јавни обвинители од ОЈО Скопје

Синоќа се издадени повеќе дополнителни наредби, вклучително наредба за пребарување на серверите и на уште еден компјутер во Министерството за економија, како и наредба за графолошко вештачење на потписи на одредена документација.
Увидот на лице место денеска продолжува.

 

 

4news.mk