Реката во Чикаго обоена во зелено по повод Денот на Свети Патрик

 Во Чикаго, Соединетите Американски Држави (САД), реката Чикаго во центарот на градот повторно е обоена во зелено како дел од одбележувањето на Денот на Свети Патрик, додека илјадници луѓе учествуваа на традиционалната парада, која годинава се одржа по 70-ти пат, јавува Анадолу.

Во Чикаго, кој секоја година ги организира најшарените активности за Денот на Свети Патрик во САД, оваа традиција не е оставена настрана ниту оваа година.

Од раните утрински часови, илјадници жители на Чикаго ги исполнија улиците облечени во зелена облека и костими за одбележувањето на Денот на Свети Патрик.

Првиот настан во градот, боењето на реката Чикаго започна околу 10:00 часот по локално време. Супстанцијата која не ѝ штети на природата и чија формула се чува во тајност, е пуштена во водата со чамци кои кружеа низ реката.

Вториот најголем настан на денот во Чикаго беше традиционалниот марш, на кој присуствуваа илјадници луѓе.

Денот на Свети Патрик, кој се одбележува секоја година на 17 март, се одржува во чест на Свети Патрик – заштитникот на Ирска. Свети Патрик, кој е заслужен за носењето на христијанството во Ирска во 5 век, се смета за важна личност во верскиот и културниот идентитет на земјата.

Денот на Свети Патрик, кој првично се појавил како верски празник, со текот на времето се трансформирал во активност со која се слави ирската култура и наследство.

 

извор:АНАДОЛИЈА