Ескалираше ситуацијата во Кочани денеска, на протестот граѓаните го покажаа сиот бес и лутина, помешани со тага. Граѓаните пред општината кршеа и фрлаа по фасадата, потоа се префрлија и по улиците каде што направија хаос откако расфрлија контејнери полни со ѓубре, го демолираа и вториот локал, кафуле во сопсвеност на сопственикот на дискотеката „Пулс“, за на крајот да застанат пред домот на градоначалникот на Кочани каде што фрлаа по фасадата со јајца и останати предмети.
За да ја смири гневната толпа народ им се обрати свештеник.
– Ве молам во име на Бога и на владиката ве молам смирете се, смирете се и заминете си. Ве молам, оставете во мир да ги закопаме овие дечиња. Дојдете во црква да се помолиме. Овде меѓу вас кој знае може има некој и со политичка заднина. Одете си сега и оставете да ги закопаме децата, а ако сакате после дојдете и запалете го градот нека е ваш – рече свештеникот.
View this post on Instagram
glamur.mk