Денес пообилни врнежи од снег на запад и југозапад од Македонија!

Денес (вторник 18 март), особено во претпладневните часови и во западните  и во југозападните предели ќе има врнежи од снег кои повремено ќе бидат пообилни и ќе се формира снежна покривка. Во дел од градовите со висина до околу 10 cм снег, додека на планините и на Скијачките центри таа ќе биде поголема.

Во Скопје некои позначителни врнежи не се очекуваат.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат за околу, па  и за повеќе од 20 степени пониски во споредба од оние кои ги имавме изминатиот период. Сето ова лошо се одразува на метеопатите, кај кои се можни поголеми здравствени проблеми, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

 

meteoalarm.mk