Азбестот е минерал кој се користел уште во 19 тиот век во изградба на различни објекти, пред се покривите на објектите, поради тоа што имал одлични термички и звучни изолациски својства, но и поради неговата огноотпорност. Особено популарен до некаде 2005 кога е целосно забранет на ниво на ЕУ поради сериозните ризици по здравјето на луѓето особено луѓето кои работеле во вакви објекти поради што и е влезен во списокот на професионални болести.
Најчесто е користен како азбестни-цементи плочи дел од многу покриви во државава кои поради нивната отпорност на оган нашле широка примена и вака целосен како плоча нема голема опасност од истиот.
Главниот проблем кај нас е што најголем дел од овие времени објекти како локалов во Кочани имаат огромен број оштетени азбестни плочи кои се ронат, се издробени и скршени па при силен пожар азбесните честички лесно се пренесуваат преку чадот и прашината и се до толку опасни што азбестот е ставен во класа 1 канцерогена материја според меѓународната агенција за истражување на ракот.
Последиците се страшни и предизвикуваат разни проблеми како:
• Мезотелиом – неоплазма на плеврата и перитонеумот, кои обично се јавуваат по долгорочна изложеност
• Азбестоза – пнеумокониотична болест, белодробно заболувања кое најкарактеристично што доведува до белодробна фиброза.
• Рак на белите дробови – често се јавува кај лица кои биле изложени на азбест на долг рок.
• Проблеми со дишните патишта – вдишувањето на овие честитки може да предизвика долготрајна кашлица, задушување, градни болки