Наум Петрески за Андреј „Ништо друго и не очекував од него. Ситен по раст но лавчина во срце“

Наум Петрески и Андреј беа големи другари и често го поминуваа слободното време заедно.

„Поцрно не сум се чувствувал никогаш“, напиш Петрески вчера.

Откако повеќе медиуми јавија дека Ѓорѓиески загинал откако се вратил во дискотеката за да им укаже помош на заглавените деца, Наум предмалку повторно се огласи.

„Ништо друго и не очекував од него. Ситен по раст, но лавчина во срце. Нека му е светол патот и никогаш нема да го прежалам. Отиде голем дел од мене со него“, напиша Петрески.

 

mastilo.mk