(ФОТО) Министрите Таравари и Муцунски во посета на пациентите хоспитализирани во Солун

Денеска во раните утрински часови заедно со министерот за надворешни работи г.Тимчо Муцунски и со Д-р Илир Вела дојдовме во Солун за да ја видаме состојбата на пациентите хоспитализирани овде.
Само што излеговме од „Општата болница Г. Папаниколау“ и Војната Болница во Солун, сите 5 пациенти примени во овие болница се во стабилна состојба!
Им благодарам на нашите колеги во Солун, грчкиот народ и влада за нивната посветеност и помош!
Ќе ве информираме за другите пациенти!